среда, 15 април 2026

Јапонија и Словенија помогнаа штипскиот регион да добие модерна пречистителна станица

Објавено на

часот

Сподели

Филтер станицата, со капацитет од 300 литри во секунда, ќе овозможи и наводнување на 4.000 хектари земјоделска површина, како и производство на електрична енергија од 50 гигават часови. Во тек е тест периодот по кој следува првата фаза – обезбедување вода за пиење за жителите од петте општини.

За овој проект кој се реализираше во изминатите 17 месеци, Владата обезбеди шест милиони евра од Буџетот, а со поволни финансиски средства и со донации учествуваа Јапонија и Словенија.

„Штипјани ќе добиваат најквалитетна вода за пиење по сите светски стандарди. Супер модерната пречистителна станица е најголема од ваков тип во државата и во регионот. Имаме јасна волја да продолжиме со проекти кои прават суштински промени кои ги подобруваат условите за живеење преку праведна распределба на јавните финансии“, рече премиерот Зоран Заев.

„Пречистителната станица во Штип е спој на новата развојна економија и новиот дух на Владата. Граѓаните нема повеќе да се соочат со недостиг на вода за пиење, а земјоделците ќе може да ги наводнуваат површините, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Градоначалникот на Штип Сашко Николов изјави дека штипјани конечно добиваат пристап до чиста и здрава вода за пиење и дека капацитетот на новата станица за ултра-филтрација е доволен да ги задоволи потребите и во најкритичните периоди од годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ