Позната по своите услуги кои носат дополнителни вредности за луѓето, Халкбанк новоотворениот штанд го уреди во стилот на ВИП салони какви што ги има по меѓународните аеродроми, а во кои времето меѓу два лета можат да го поминат и корисниците на Мастеркард кредитната картичка издадена од Халкбанк. Оваа Мастер картичка на Халкбанк им овозможува на корисниците бесплатен пристап и користење на лонџовите.
„Халкбанк АД Скопје во рамките на програмата Лонч ки (Lounge Key) овозможува посебен третман за клиентите корисници на Мастеркард картичката во над 800 аеродроми насекаде во светот. Со новоотворениот штанд сакаме да го доловиме изгледот на овие ВИП салони и на посетителите да им го доближиме премиум искуството кое им го овозможува нашата Мастеркард картичка“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Посетителите на штандот во Ист гејт мол исто така можат да добијат информции за сите предности и бенефиции што ги нудат кредитните картички издадени од Халкбанк, какви што се плаќањето на рати без камата кај огромна листа на продажни места или програмата Бонус поени каде со пазарување во предефинирани продажни места се добиваат поени кои потоа можат да се искористат за повторно пазарување. Во моментов во тек е и новата наградна игра „Активирај супермоќ“, која ќе трае до 28 февруари, во која можат да учествуваат сопствениците на картичките од брендот Мастеркард на Халкбанк, кои со секое пазарување добиваат шанса да освојат некоја од 60 вредни награди.
Комерцијален текст






