Ова е втора акција на пошумување во Светиниколско од страна на Халкбанк. На ова поле преку акциите на Халкеко за една година засадени сe вкупно над 15.000 садници.
Халкбанк е една од компаниите кои перманентно вложуваат во заштита на животната средина, како во зазеленување на земјава со нови дрвја, така и во организирање и давање поддршка на низа други активности кои се во насока на негување здрави животни навики и заштита на природата. Со таа цел банката пред две години ја покрена зелената Халкеко платформа која ги поттикнува и луѓето да практикуваат здрав животен стил и со своите физички активности да придонесат за засадување нови дрвја од страна на Халкбанк. Од стартот на платформата досега Халкбанк има донирано над 33.000 садници.
„Нашата банка со особено внимание, труд и задоволство се вклучува во општествено одговорни практики кои имаат за цел да го подобрат заедничкиот живот во нашата средина. Но, за да постигнеме подобри и повидливи резултати, нашиот фокус го ставаме на две важни полиња на делување. Тоа се заштитата и унапредувањето на животната средина преку Халкеко, но и кревањето на свеста за екологијата, инклузијата, литературата и финансиската писменост кај дечињтата преку платформата на Халки. Со сконцентрирано, посветено и стратешко работење во двете сфери, правиме и поголеми резултати за општеството. Со овој пристап настојуваме да бидеме пример за општествено одговорно однесување и верувам дека тоа првенствено го чуствуваат самите граѓани, а се препознава и како поттик за дејствување од страна на други компании. Иднината зависи од сите нас. Следејќи ги политиките за одржлив развој и целите за подобро заедничко општество, сите придонесуваме во креација на подоброто утре“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Преку Халкеко, освен зазаленување на јавни површини, се реализираа и низа други активности како реконструкција на 19 мостови во Градскиот парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост и донација на корпи во Крушево, уредување на Халк корнер во ТЦ Лептокарија, уредување на Халк корнер во Гостивар, донирање на Халкеко инклузивно игралиште во основно училиште, Халкеко Скопје трча, но и две големи Халквело грин трки во Маврово.
Халкбанк активно инвестира во подобрување на еколошката средина за сегашните и за идните генерации. Во глобални рамки, компанијата е дел и од коалицијата „Priceless planet“ заедно со Мастеркард, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните 5 години.






