петок, 17 април 2026

Германските инвеститори бараат да се прецизира предлогот за недела неработен ден

Објавено на

часот

Сподели

„Во четвртокот имав средба со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Разговаравме за новиот Предлог-закон со кој недела би била прогласена за неработен ден. Заедно со германските инвеститори во земјава поднесовме барање во законот да биде внесена уредба со која прецизно ќе се регулира законот. Оваа уредба ќе ја заштити позицијата која ја имаат производителите од Северна Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување. Ја информирав министерката за тоа што ќе значи застојот во производството за автомобилската индустрија во однос на глобалните синџири на снабдување и конкурентноста на пазарот во однос на земјите со кои Северна Македонија конкурира во привлекувањето странски инвеститори“, вели Мартенс.

Тој во понеделникот имал средба и со министерот за правда Бојан Маричиќ на која присуствувал и заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, а темата на разговорите била заштитата на инвеститорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ