петок, 17 април 2026

Финансискиот извештај на Агенцијата за вработување доби неповолно мислење од ревизорите

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот, во клучните утврдени состојби се посочени неусогласени податоци од евиденциите за постојани средства, залиха, паричен надоместок и активни мерки со сметководствената евиденција, преземени обврски без спроведени јавни набавки над дозволениот праг со Законот за јавни набавки, неусогласен колективен договор на ниво со важечката регулатива и нецелосност и точност на остварениот приход.

Клучните препораки во извештајот се: усголасување на евиденциите, спроведување на постапки за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки, усогласување на колективниот договор со законската регулатива при пресметка на плати и соработка со другите институции со цел целосно и точно остварување на приходите од придонеси за вработување.

За извештајот се добиени забелешки од кои две се делумно прифатени, две се прифатени со дополнително доставени докази и две не се прифатени бидејќи, како што велат од ДЗР, претставуваат информации кои ги имале предвид при вршење на ревизијата.

Како клучни системски слабости во извештајот се наведени: Измена на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за доуредување на одредби за подготовката на надлежна институција и период на донесување на оперативниот план за активните програми и мерки за вработување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ