среда, 15 април 2026

Државниот српски Телеком почна со работа на македонскиот пазар со сателитска телевизија

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата веќе обезбедува услуги за повеќе од 11 милиони претплатници во регионот и во Европа.

„Македонија во однос на телекомуникациите е исклучително напредната и на отворањето на подружницата на Телеком Србија гледаме како предизвик во којшто ќе го вложиме искуството и знаењето стекнати преку нашите делови активности во Србија, БиХ и Црна Гора“, посочи Лукиќ.

Марко Лопичиќ, извршен директор на МТЕЛ, потенцира дека стартуваат со понуда за врвна сателитска телевизија, а на љубителите на добрата телевизиска програма, како што рече, им нудат најдобар избор на телевизиски канали и ексклузивна содржина.

„Понудата е внимателно избрана и класифицирана во три исклучително поволни пакети кои вклучуваат повеќе од 150 канали. Уверени сме дека таквата понуда која што ги содржи најквалитетните спортски содржини на каналите Арена Спорт, потоа врвни филмски и сериски програми на Супер Стар каналите, понуда на сите македонски национални телевизии, Пинк каналите, како и одличен избор на документарни, музички и детски канали ќе прерасне во омилен телевизиски избор на граѓаните во Македонија“, рече Лопичиќ.

МТЕЛ регистрираше фирма во државава во јули годинава. Во наредниот период се очекува да официјализираат како ќе ги реализираат плановите за влез во мобилната телефонија, каде сега нудат услуги пет субјекти: А1 Македонија Скопје, со 49,78 проценти од претплатниците, Македонски Телеком АД Скопје, со 47,25 проценти, Лајкамобајл – 1,76 проценти, Роби – Штип 1,19 проценти, како и Греен Мобиле – Прилеп 0,02 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ