среда, 15 април 2026

Азески во посета на Еуроникел

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во придружба на iзвршниот директор, Антони Пешев, Даниела Михајловска Василевска, менаџер за односи со јавност и Нена Николовска, експерт во Комората, ќе реализираaт работна посета на Општина Кавадарци каде ќе се сретне со градоначалникот Митко Јанчев, раководствата на „Еуроникел“ и на Регионалната комора на СКСМ во Кавадарци.

Посетата, Азески ќе ја искористи да му го честита новиот мандат на градоначалникот Јанчев, долгогодишен претседател на Регионалната комора во Кавадарци, а на средбата ќе се дискутира за врвните приоритети од значење за бизнисот кој ги дефинира Комората како што се: децентрализацијата како основен предуслов за локален економски развој, гасификацијата, патната инфраструктура, урбанизацијата, дуалното образование. За  кавадаречкиот регион, во кој доминира металургијата и земјоделско-прехранбениот сектор, не помалку е важна  пограничната соработка како модел на поттикнување на серија инвестициски процеси и трансфер на знаење.

Еуроникел трета компанија на листата на топ 100 извозници во 2020-та година, со реализиран извоз од 182 милиони евра и остварени приходи од 188 милиони евра, која произведува висококвалитетен никел во форма на фероникел за употреба во индустријата за производство на нерѓосувачки челик и има над 1.000 вработени. Како еден од најголемите работодавачи во државата, со преку 1.000 домашни и стотици меѓународни компании во ланецот на снабдување, има значаен придонес во извозната структура на економијата на земјата.                                                                                                       

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ