„Марко Бислимоски во изјавите на телевизиите убедуваше дека сегашното укинување на евтината тарифа не треба да се политизира, дека сето тоа не е политичка одлука.
Исто така во неговите интервјуа нẻ убедува дека евтината тарифа ја има само во некои бивши југословенски републики, ја нема во Европа, па затоа треба да се укине. Истиот човек кој едно зборуваше во 2017-та година, сосема друго зборува во 2021-та година.
Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот народот ќе остане со уште пократок џеб. Народот треба да знае дека зголемувањето на струјата кај домаќинствата и малите потрошувачи од 9,5% не е точно. Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот цената на електричната енергија дополнително се зголемува за 5 до 6%, што значи дека вкупното поскапување ќе биде од околу 15%.
Поради недомаќинското работење на власта останавме без домашно производство на електрична енергија. Доколку навреме се справувавме со енергетската криза и ако државните енергетски компании работеа одговорно, ваков ценовен шок немаше да доживеат граѓаните. Ако ЕЛЕМ навреме копаше јаглен и не ги испразнеше акумулациите, ќе имавме домашно производство на електрична енергија по цена три до четири пати поевтина од увозната.
Со тоа немаше да дојдеме до оваа мизерна состојба во која Република Македонија се соочува со уништени енергетски компании доведени пред банкрот, без домашно производство на електрична енергија и осиромашени граѓани кои едвај врзуваат крај со крај.
Капак на сẻ, во Новата година имаме и за 14 % поскапо парно греење.
Ова е честитката на пиунот Ковачевски и заевизмот за Новата 2022 година, ако успееме да преживееме финансиски. За ова одговорност мора да има“, изјави Антовски.






