среда, 15 април 2026

Адора на Златибор во Србија продаде стан за 4.800 евра за квадратен метар

Објавено на

часот

Сподели

Српските медиуми објавија детали за апартманот кој ги урна рекордите со убедливо највисоката продажна цена на недвижност на Златибор и на пазарот на недвижности во Србија. Станува збор за penthouse на врвот од пионерскиот иноватиен проект на Адора на Златибор, со комфорна тераса од 100 квадратни метри, декинг подна облога, поглед кон златиборските убавини и неверојатни содржини како џакузи хидромасажна када за 8 лица, што може да се користи и при снежни услови и опрема за уживање. Додека апартманот е комплетно опремен со природен камин, најмодерна техника, луксузна декорација, перфектно дизајниран мебел, а во цената се вклучени прибор за јадење, постелнина и пешкири.

Се работи за „инвестициски апартмани“ во рамките на хотелско-резиденцијалниот комплекс 21st Century Zlatibor by Adora, кои сопствениците ќе ги користат кога и колку ќе посакаат, додека Адора преку нејзиниот професионален „Хоспиталити менаџмент“ кој ќе се грижи за одржување и изнајмување на апартманите, ќе им овозможи и до 8 отсто годишен поврат на вложените средства.

Непосредно по овие објави, Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора бизнис групацијата и директор на Адора ливинг солушнс, фирмата ќерка,   инвеститор во Србија изјави:

„Адора во реализацијата на овој наш пионерски проект на Златибор, го вложи целото свое 20 годишно иксуство и постојан афинитет кон континуирани и прогресивни иновации во градежништвото. Ни причинува огромна чест и задоволство што на српскиот пазар на недвижности кој моментално е еден од најконкурентните во Европа, покажавме дека умееме рамноправно да се натпреваруваме со најдобрите. Голема е нашата благодарност кон српскиот народ, што со топло срце и на најпријателски начин не прифати како странски инвеститори и пред сè како луѓе“, порача Душко Чифлиганец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ