
Од компанијата информираат дека во целосна функција ќе бидат само светлечките знаци што имаат за цел да ги информираат пациентите, односно служат како патоказ за нивно упатување до влезовите, одделенијата или излезот на болницата.
„Орка холдинг“ ќе ги исклучи сите светлечки обележја на компанијата. Покрај тоа, во болницата и во холдингот се апелираше и до сите вработени на рационално користење на електричната енергија во работните простории.
„Како најголема приватна здравствена установа, Клиничката болница ‘Аџибадем Систина‘ и ‘Орка холдинг‘ како едни од најголемите компании и работодавци на пазарот имаат сериозна, одговорна улога во рамките на своето дејствување. Општествената одговорност која е дел од корпоративната стратегија, Клиничката болница ‘Аџибадем Систина‘ и ‘Орка холдинг‘ досега ја потврдиле преку низа општествено одговорни активности на кои биле иницијатор или активности од кои биле дел и дале отворена поддршка, а сè во корист на општото добро и заедницата.
Со овој чекор, Клиничката болница ‘Аџибадем Систина‘ и ‘Орка холдинг‘ ќе дадат позитивен пример за одговорно и рационално користење електрична енергија во услови на енергетска криза истовремено испраќајќи апел за охрабрување на сите други компании и поединци да се вклучат во оваа иницијатива“, велат од компанијата.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ имаат намера да го прошират своето општествено одговорно делување и со насочување кон долгорочни решенија за заштеда на енергија, како и одлуки и активности кои го поттикнуваат концептот на одржливост и ја подигнуваат свеста за заштита на животната средина.
Комерцијален текст






