вторник, 14 април 2026

20 проценти попуст за уролошки интервенции во „Аџибадем Систина“

Објавено на

часот

Сподели

Овој ноември болницата нуди 20 отсто попуст на следните уролошки интервенции – отстранување на простата, ТУР на простата, циркумцизија (сунет) и отстранување камен во уретер. Во секоја интервенција освен попустот се добива и бесплатен специјалистички преглед кој секако е клучен за заштитата на машкото здравје.

На прегледот се прави анамнеза, се испитува здравствената кондиција на пациентот, се прави и ехо по што се дијагностицира промената, односно евентуалниот проблем, болест.

Кај кои интеревенциии се нуди 20 отсто попуст?

Отстранување на простата кај бенигна простатична  хиперплазија е класична хируршка интервенција која се изведува преку мочниот меур, односно  таканаречена трансвезикална простатектомија. Оваа операција се употребува кај пациенти  каде проблем е волуменот на простата кој е поголем од над 80  или 100 грама. Отстранувањето на простата е полесно и со подобар постоперативен тек ако се прави на овој тип на операција.

Тур на простата е отстранување на простата преку ендоскопска метода ,односно отстранување на простата преку уретралниот канал кај мажот со помош на струја. Се прави кога простата е со помали димензии, а доколку пациентот е во потешка  општа состојба  и носи катетер.

Сунетот е една од најчестите интервенции кај машката популација, а се изведува кај мажи кај кои има стеснување на кожата на отворот на пенисот, а кога е отежнато одржувањето хигиена на половиот орган или мокрењето. Помлади пациенти го прават како естетска операција, а во мислманската популација согласно религијата се прави кај секое дете од 1 до 10 години. За оваа интервенција е потребен само ден хоспитализација и нема постоперативни нус појави.

Ендоскопско отстранување на камен во уретер всушност е ласерско кршење на каменот во мочниот меур. Инаку, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена во која се употребува ласер за оваа намена. Ендоскопската операција се изведува во општа анастезија, во уретерот се навлегува со посебен инструмент преку уретрата, се лоцира каменот и со помош на ласерската сонда се крши.

Со овој попуст на пациентите им се дава одлична можност да се лекуваат по пристапни цени во болницата која е најопремената кличничка болница во регионот, а во која интервенциите ги изведуваат најдокажани професионалци.

Граѓаните кои имаат какво било промена треба да одлучат и веднаш да појдат на лекарски преглед оти само така ќе се заштитат себе. Специјалистичкиот преглед со овие интервенции сега е бесплатен, а кај интервенциите е понуден попуст од 20 отсто.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ