понеделник, 25 мај 2026

Египќаните се оградуваат од ставовите на Рубин Земон

Припадниците на посебната и автохтона етничка заедница Египќани во Македонија се оградуваат од ставовите и постапките на Рубин Земон, бидејќи, како што велат, тие се лично негови.

Објавено на

часот

Сподели

„Рубин Земон е поранешен претседател на ПОЕН, партија која се претопи во структурите на СДСМ, а Рубин Земон стана, сега веќе екс член на  ИО на СДСМ“,  велат тие и додаваат дека тој не е претставник на Египќаните, како што го преставуваа некои медиуми.

Египќаните, односно огромно мнозинство на Египќаните ги подржуваат ставовите на Владата на Македонија, предводена од лидерот, Христијан Мицкоски и македонските национални интереси, вели Демир Далип од НГИ Коалиција на Египќаните.

„Што се однесува до негаторите на македонскиот народ од типот на Виктор Стојанов, со него ни на маса не би седнал, ни вода би пиел, а камоли кафе“, вели Далип.

Од коалицијата додаваат дека како, мала, но автохтона и автентична етничка заедница, која нема резервна татковина и Македонија ја чувствуваат и ја негува како своја единствена и неотуѓува татковина.

„Египќаните од осамостојувањето на Македонија до денес, се конструктивен, лојален и незаменлив дел од мултиетничка и унитарна Македонија. Египќаните се мирољубив, лојален и конструктивен етникум, кој вложува многу напори , енергија и посветеност во интегративните процеси“, велат од Коалицијата НГИ коалиција на Египќани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ