недела, 7 јуни 2026

ДУИ: Дали седумтте викенд куќи на Висар Ганиу и Недим Рама се заведени во нивните анкетни листови?

Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама – седум викенд-објекти на иста парцела. Официјалните документи од Агенцијата за катастар отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити, се вели во денешното соопштение на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Според официјалните податоци од Катастарот, во Имотен лист бр. 730 за катастарска општина Лисец-Вонград, носители на правото се Висар Ганиу и Недим Рама; dвајцата се поврзани со парцелата 1/455, регистрирана на истата локација; за истата парцела е отворен и Лист за предбележување на градба бр.1213, каде како носител на правото е заведен Висар Ганиу; На оваа парцела се евидентирани седум објекти со намена А4-3 – викенд куќи.
„Значи, не станува збор за обичен имот, туку за комплекс од повеќе викенд-објекти поврзани со лица кои до вчера управуваа со локалната власт, а денес раководат со стратешки државни институции.

Овие документи отвораат легитимни прашања кои заслужуваат јавен одговор:
Кога и како е воспоставена оваа имотно-правна врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама? Со какви финансиски средства е реализирана изградбата на седумте викенд-објекти?• Дали овие имоти и инвестиции се пријавени во анкетните листови и во изјавите за имотна состојба? Дали постојат и други деловни односи меѓу лица кои денес контролираат значајни јавни функции?
Ова не е политичко прашање. Ова е прашање на потекло на имотот, транспарентноста и можниот судир на интереси кај лица кои со години управувале со јавни буџети, а денес раководат со институции од стратешко значење за државата.
Ги повикува Државната комисија за спречување на корупцијата, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство без одлагање да ги испитаат сите околности поврзани со оваа заедничка сопственост и со изградбата на комплексот викенд-куќи.
Граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање: дали зад политичкото партнерство на Влен се крие и приватно, односно деловно партнерство“, прашува ДУИ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ