понеделник, 25 мај 2026

Денот на Кирил и Методиј одбележан и во македонската амбасада во Пекинг

Во македонската амбасада во Пекинг, во организација на амбасадорот Сашко Насев, по трет пат се организираше културен настан по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Објавено на

часот

Сподели

Студентите од Универзитетот за странски студии во Пекинг под раководство на професорката Чен Цјао рецитираа поезија од македонски поети на македонски, англиски и кинески јазик.

Јасмина Џуровска-Блажеска, наставник од меѓународното училиште „Цинхуа“, читаше говор за животот и делото на Св. Кирил и Методиј, а истиот текст го интерпретираше и кинески актер на кинески јазик.

За време на настанот беше отворена и изложбата „Цутови од слива“ од македонскиот сликар Зоран Поповски, кој живее и работи во Хонг Конг. Изложбата е фокусирана на темите за историска слоевитост и дигитална симбиоза. Уметничките дела на Поповски ја интегрираат источната и западната цивилизација и претставуваат мост меѓу традицијата и современата ера. Преку јазикот на уметноста кинеско-македонските културни врски се зацврстуваат.

На настанот присуствуваа претставници на македонската заедница во Пекинг, амбасадорите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Летонија, Непал, но имаше гости и од Канада, САД, Полска, Намибија и Бразил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ