Од АМСМ информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини бил умерен. На граничните премини од македонска страна, немало подолги задржувања за влез и излез од државата.






