четврток, 26 март 2026

Андоновски: 30 илјади нови корисници на е-услуги

За осум месеци во 2025 година се регистрирани нови 30.000 корисници на националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk/, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува Андоновски на својот фејсбук профил, на порталот се достапни 201 електронска услуга, а месечно се поднесуваат 7.978 барања за услуги.

„Во август ја поминавме бројката од 180.000 корисници, со 180.143 регистрирани корисници на порталот. Вкупно 201 електронска услуга се достапни на порталот, а месечно се поднесуваат 7.978 барања за услуги“, информира министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ