„Сѐ е можно, можно е гласачкото ливче да биде 7 – 8 метри, да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука сакам да предупредам дека согласно Уставот и Законот ако не е успешен избирачкиот процес, Владата е таа која именува владини повереници, така што неодговорното однесување на поединци или поедини политички партии ќе резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска, до 1 сепетември треба да заврши овој процес и да се види каков ќе биде“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
Тој запрашан кога ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници и носители на листите за советите во општините рече дека тоа ќе се случи до крајот во предвидените рокови, до крај на овој и почетокот на следниот месец.
„Пет-шеснаесет општини кои останаа мислам дека ќе ги комплетираме до крајот на месецов. Во првата недела од септември, од 1 до 5 септември ќе имаме состанок на ИК и на ЦК на партијата така што тогаш ќе ги комплетираме сите овие непознаници од аспект на градоначалници советници. Последниот рок е 13 септември“, рече Мицкоски.






