четврток, 4 јуни 2026

Академик Павловски до Мицкоски: Премиере, ајде малку посветло!

Пред само три децении кој можеше да помисли дека и црнци ќе тврдат дека се Македонци? (во Танзнија). Дека една фамилија од убавото мртво село Орово ќе има свои потомци на четири континенти: во Акрон, Охајо, во Олбени. Австралија, во Кјото, Јапонија и во Скопје, Македонија? Дека наши песни нема да се пеат во горен Демир Хисар, туку во Баларат, под Маунт Маседон, прашува академикот и писател Божин Павловски во отвореното писмо до македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Глобализмот веќе галопира далеку пред ВМРО. Нема сила што може да го запре, особено мешањето на традициите, она што е убаво и певливо ќе им припаѓа на сите, она што не е убаво ќе биде ничие. Можеби ние прескокнавме некоја цивилна фаза, но, ете фативме приклучок.

Мицкоски вели традиции, но тоа е народна уметност која се надградува со креативна уметност.

Ајде, добра и работлива ВЛАДО зрачи со поголема светлина. Не ти личат комитски објала на таа скапа европска облека“, вели писателот Павловски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ