Користејќи ги неговите извонредни пијано способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 1970-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 дела, повеќето за соло или двојно пијано и отвори целосно нови патеки во современата музика
„Љубомир Мелник, кој прв пат доаѓа во Скопје, е еден од најфасцинантните пијанисти и композитори на нашето време. Беше наречен ‘Пророк на пијано‘ поради неговата животна посветеност на инструментот и за неговата работа во поместувањето на границите на тоа што може да се направи со него. Во средината на 1970-тите, додека живееше во Париз, тој создаде ‘Континуирана музика‘ – тотално нов јазик за пијано, кој бара неверојатни технички способности, кои го користат целиот природен глас на пијаното. Може веднаш да се препознае дека оваа музика е основана во традиционалната класична техника за пијано, со сеќавање на Лист и Брамс, но исто така содржи многу влијанија од источната филозофија, како и минималната музика, комбинирајќи ги во прекрасна мешавина на модерни романтични хармонии и мелодии“, се вели во најавата од МКЦ за вечерашниот концерт на Мелник.
Концертот во Пошта почнува 21 часот, билетите се во ограничен број и можат да се набават на билетарница во МКЦ и онлајн преку следниот сајт по цена од 500 денари.





