Концептот, адаптацијата, режијата и изведбата на една од главните ролји во претставата е на Рефика Чавише.
По светската премиера во 2024 во Њујорк и по извонредниот прием во театар Акропол, претставата ја продолжува европската турнеја во Велес, на отворањето на фестивалот ИФАД „Стоби 2025“.
Освен театарот од САД, на фестивалот кој ќе трае до 5 ноември ќе настапи и Академијата „Медитеранеа Делатори“ од Италија, театарот од Куманово, Драмскиот театар од Скопје и театарот од Штип, кој работи во склоп на НУЦК „Ацо Шопов“, а кој со претставата „Лекција“ на 5 ноември ќе го затвори фестивалот.
На ИФАД „Стоби 2025“ ќе бидат врачени востановените статуетки на фестивалот: за најдобра женска и машка улога за најдобра претстава и најдобра режија.






