понеделник, 4 мај 2026

Националниот џез оркестар во Брисел на „Денови на македонската култура“

Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонски сновиденија“ е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар „BOZAR“ претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст.
Диригент на концертот е маестро Владимир Николов. Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика.
Манифестацијата е организирана и поддржана од страна на Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ