Вчера сите тие ги менуваа своите ваучери за билети, односно за нараквици, а поради строгите антиепидемиски мерки почна и брзо антигенско тестирање за коронавирусот.
Сите оние што не се вакцинирани или не го прележале коронавирусот, својот билет или нараквица го земаа на пунктот за вакцинација на Новосадскиот саем, но дури откако ќе направеа брз антигенски тест и кога ќе се утврдеше дека не се заразени со ковид-19.
Оние на кои со брзиот тест им се покажа присуство на коронавирусот не ги добија своите билети и за нив се погрижи медицинскиот персонал на пунктот за имунизација на саемот во Нови Сад.
Како што беше истакнато, фестивалот на сите свои гости им нуди бесплатно антигенско тестирање.
Сè е подготвено за почетокот на јубилејниот 20-ти Егзит.
Од утре до недела некои од најголемите светски имиња во светот на музиката ќе настапат на Петроварадинската тврдина, а се очекува на фестивалот секој ден да има околу 40.000 посетители.
„Оваа година, најмногубројни ќе бидат гостите од Германија и Франција, претходните години тоа беа гостите од Велика Британија, но поради нивните специфични мерки, тоа сега нема да биде случај“, рекоа организаторите.
Веќе со недели речиси и нема достапно сместување во Нови Сад, што е исто така показател дека фестивалот ќе биде многу посетен.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=QsfEFhcCbjY autoplay:0]





