петок, 14 ноември 2025

„Мајка“ на Теона Стругар Митевска во киносалите во Македонија од 16 октомври 2025

По успешната светска премиера, новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Мајка“, ќе започне да се прикажува во сите кина низ Македонија од 16 октомври 2025 година. Публиката во земјава конечно ќе има можност да го погледне долгоочекуваното остварување кое носи длабока, инспиративна приказна заснована врз животот на Мајка Тереза.

Објавено на

часот

Сподели

Филмот претставува интимен портрет на една од највлијателните хуманитарки на 20-от век, фокусирајќи се на нејзината внатрешна борба, верба и мисија. Главната улога ја толкува светски познатата актерка Номи Рапас, во друштво на Никола Ристановски и Силвија Фокс. Сценариото е заеднички труд на Теона Стругар Митевска, Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ.

Ова кинематографско остварување е поддржано од бројни европски и светски филмски институции, а продуцент е Лабина Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен Мартан, сценограф е Вук Митевски, а прв асистент на режија Јане Ќортошев.

„Мајка“ ја имаше својата премиера на престижниот Венециски филмски фестивал, каде што го отвори програмскиот сегмент „Хоризонти“, посветен на иновативни филмски дела. Овој успех претставува уште едно големо признание за македонската кинематографија, но и за уникатниот авторски пристап на Теона Стругар Митевска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ