вторник, 21 април 2026

Изложба на Олег Кулик во „Мала станица“

Објавено на

часот

Сподели

Олег Кулик е роден во 1961 година, во Киев, и важи за еден од основачите на акционизмот во постсоветска Русија. Преку својата работа ги истражува односите меѓу политиката и моќта, емоционалните и физичките аспекти на односот меѓу луѓето и животните, нормалноста и отстапувањето, кичот и уметноста. Дипломирал на Кралската уметничка школа во 1979 година. Ја започнал својата кариера како кустос во галеријата.

На изложбата во „Мала станица“ ќе бидат претставени неговите антологиски акции од 90-тите години на минатиот век и познатите амблематски изведби од сериите „Бесно куче“, „Јас ја касам Америка, Америка ме каса мене“, „Ја сакам Европа, а таа не ми ја возвраќа љубовта“, фотоколажи од 2000-тите, како и нов перформанс и скулптура изведени во соработка со Музејот на современа уметност на Војводина.

Изложбата ќе биде поставена до 15. јули, а одговорен кустос за проектот е Ана Франговска, виш кустос. За времетраењето на изложбата ќе се организира и онлајн разговор со Олег Кулик, а во почетокот на јули ќе гостува и Сања Којиќ Младенов, куратор на проектот во Музејот на современата уметност на Војводина, која ќе одржи предавање за соработката со Кулик и за неговите позначајни проекти, соопшти Националната галерија на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ