петок, 17 април 2026

Романот „Марта“ од Горјан Петревски доживеа 21 – во издание

Објавено на

часот

Сподели

Тоа што е интересно за овој роман, сега реиздаден од „Македонска реч“. е што со подеднаква љубопитност го читаат тинејџерите, но и возрасните.

„Романот е пишуван според вистинска случка опишана преку анонимно писмо во рубриката „Вљубена страница” во списанието „Наш свет”, која што ја уредував триесет и шест години. Во него, и покрај траумите што ги доживува четиринаесетгодишната Марта, која трага по својот непознат татко, приказната завршува со хепиенд. Тоа посебно до израз доаѓа во вториот дел со наслов „Другата Марта”, кој доживеа две, а наскоро ќе биде објавено и трето издание. Всушност, проблемите што анонимно ми ги доверуваа тинејџерите, најдоа место и во другите мои романи. Притоа насетив дека возраста треба да се ‘подигне’ малку повисоко. Тоа, на мое задоволство, им се допадна и на читателите“, вели Горјан Петревски.

Романот „Марта” е преведен и на англиски јазик, а е застапен во проектот „130 трома македонска книжевност”.

Корицата и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески, а печатен е во печатницата „ГРАФО – ДЕН” – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ