„Изучувањето на поезијата на Блаже Конески, стекнувањето претстава за нејзините технички достигања, е од пресудна важност за натамошниот подем на нашата поезија. Можно е на последново становиште да му се упати ваков приговор: таквиот потфат неминовно води кон поетичка канонизација што се искажува секогаш негативно кон живиот процес на литературниот развиток. За тој приговор го имаме следниов одговор: изучуваме едно исклучително дело не за да можеме да го репродуцираме, туку да научиме како да се искажеме себеси. Го изучуваме него не за да ја моделираме според него иднината (литературна), туку за да можеме да се движиме направо кон неа, збогатени со мудро и скапоцено искуство. Зашто (да го парафразираме Јакобсон), лаже оној што кажува дека немал претходници“, вели Вангелов.







