петок, 22 мај 2026

Стоилковиќ ќе го тужи Филипче, добиените пaри ќе ги донира за психијaтриската болница во Бардовци

Болните фантазии и подмолните фиксации што Венко Филипче во континуитет веќе подолго време ги лансира од претседателската фотелја во СДСМ, конечно добија официјална дијагноза – во форма на судска тужба. Се разбира дека нема да барам демант или извинување, вели вицепремиерот Иван Столковиќ по денешната изјава на Венко Филипче, претседателот на СДСМ, дека бил соработник на српските служби.

Објавено на

часот

Сподели

„Глупаво е да очекуваш пристојност и разум од лик подготвен да гази по сопствениот образ за пет минути евтин аплауз на партиски прес-конференции и сто лајкови на социјалните мрежи. Сепак, неговиот очај за внимание на крајот ќе излезе корисен. Срамот што ќе го плати на суд, до последен денар ќе го донирам таму каде што примарната дејност е токму третирањето на вакви акутни состојби на умот – во Психијатриската болница во Бардовци. Како симболичен придонес за институцијата која, за жал, овој пат не успеала навреме да превенира“, напиша Стоилковиќ на својот фејсбук-профил.

Денеска Филипче, во одговор на новинарско прашање рече дека протекувањето информации од кабинетот на Сиљановска е скандал кој мора да се расчисти и да има одговорност, потенцирајќи дека не е изненаден затоа што има и вицепремиер кој е соработник на српските служби.

„Тоа е скандал којшто треба да се расчисти. Да има такво протекување на информации како што пишува во медиумите од земја членка на НАТО е најмалку на ниво на скандал и тука луѓе треба да преземат одговорност вклучувајќи ја и претседателката. Но, тоа мене не ме изненадува. Ние имаме вицепремиер, соработник на српските служби Стоилковиќ, кој има комуникација со ‘Ноќните волци’, блиски на Путин. Тој на дневна основа вади информации надвор од земјава. Така, сѐ е тоа ова владеење, сѐ е тоа концептот на оваа власт”, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ