
Преводот, поткрепен од Министерството за култура на Македонија, го направи преведувачката и авторка Вера Чорниј Мешкова.
Поетското претставување на тандемот Ѕјуба на македонски јазик претставува избор од нивното најмаркантно поетско творештво кое се создава во изминатите децении и е преведено и препознатливо во европски и во светски размери.
Како што е познато Сергиј и Тетјана Ѕјуба во моментов се меѓу најрепрезентативните претставници на современата украинска поезија во својата земја, во југиоисточна Европа и во европски и светски размери.

Нивни книги се преведени во педесетина држави, а се удостоени и со најзначајните украински книжевни награди и со признанија во Германија, Канада, Италија, Белгија, Србија, Бугарија, Македонија, Романија, САД, Полска, Франција, Русија, Белорусија, казахстан, Шпанија, Австралија, чешка, Австрија, Виетнам и Киргистан.
Книгата ќе може да се купи во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.






