четврток, 9 јули 2026
Зоран Дабиќ

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Од дипломатската торба

Реципроцитет во односите со Бугарија

Бугарската блокада е чудна тема, дури почудна и од ирационалната грчка блокада, затоа што претставува политичка злоупотреба на малцинствата во двете земји.

Имајќи предвид дека Европа не ги разбира средновековните тврдења на Бугарија, според кои наводно Македонците биле Бугари кои не се свесни за тоа, дека македонската нација е измислена односно создадена по Втората светска војна, би укажал на тоа дека согласно Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации, основните човекови права и особено правата на малцинствата претставуваат суштина на политичкиот живот денес, прерогатив на западната демократија и врвен дострел на човештвото во целина.

Бугарија покажа многу чуден пристап кон човековите права, особено кон националните малцинства, кога ја помести македонската приказна од средновековен терен кон, за Европа поразбирлив, терен на човековите права, надевајќи се дека така нејзината блокада ќе добие поголема моќ. Но, таа покажа и дека е многу селективна. Таа не признава постоење на национални малцинства во нивната земја. Од друга страна бараат права за бугарското малцинство во Македонија. Бугарија продолжува да замижува пред фактот дека толку многу луѓе што живеат во Бугарија, кои што се лојални бугарски граѓани истовремено се и етнички Македонци. Софија упорно ги игнорира 16-те пресуди на Судот за човековите права на Советот на Европа од Стразбур, каде што од Бугарија се бара да им дозволи на оние свои граѓани што се чувствуваат и претставуваат себе како Македонци, да си ги уживаат непречено своите индивидуални човекови права, да си го чуваат и развиваат својот културен и национален идентитет.  Тие добија многу шлаканици од Советот на Европа за македонското малцинство, но глумат дека ништо не се случува. По секоја пресуда ќе платат по неколку илјади евра казна, зашто знаеме дека казните на Советот на Европа се финансиски симболични, но моралната казна е многу пожестока. Но, за жал не гледам дека бугарските политички лидери сакаат да го прифатат тоа. До кога тоа ќе оди така, останува да видиме.

Европа исто така го гледа и го разбира ова, можеби малку побавно од нас, отколку што ние очекуваме, но ете разбира дека имаме состојба каде што има недостаток на  реципроцитет. Реципроцитет е збор што е многу добро познат во дипломатијата и демократиите и ние многу често сме се соочувале со ситуации кога од нас се очекувало флексибилност и конструктивност во градењето компромиси. Реципроцитетот е единствен начин за градење стабилен пат кон иднината во односите помеѓу нашите две земји. Ние тоа не можеме да го градиме сами. За тоа се потребни двајца. Ако на пример ги вклучиме Бугарите во нашиот Устав, како што сега бара Бугарија, а македонското малцинство да остане во сива зона во таа земја, нема да го решиме проблемот на долги патеки. Дефинитивно не.

Амбасадор Зоран Дабиќ

ГК ВМРО-ДПМНЕ

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

„Ние сме во добра состојба“: Европа и опасната илузија на нуклеарната...

Џефри Д. Сакс

250 години САД: Време е за враќање кон мудроста на основачите

Александра Сабрас Апостолова

Унапредување на дневните центри за деца

Јове Кекеновски

Таравари и „патолошкото“ неразбирање на македонската реалност

Драган Даниловски

Како климатските промени и векторите ја менуваат епидемиологијата на заразните болести

Филип Клетников

Нихилизам 2.0?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ