четврток, 12 декември 2024

ГАЛЕРИЈА

Велики Петок во Соборниот храм

Велики Петок денот кога Исус Христос починал на крст во шестиот час од денот. Во христијанстовото денеска е најтажниот ден, но суштината на овој ден е дека по смртта има воскересние. Во Соборниот храм во Скопје верниците со молитви за прошка го слушаа читањето на извадоци од евангелијата. По прочитаните евангелија во црквата се стави симболот на светиот гроб, прво под него поминаа светштениците, а со благослов и верниците. Православниот канон предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце. За овој ден црквата пропишува најстрог пост, во знак на таговно сеќавање на настаните. Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.
Фото:
Фото: Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Почна ски-сезоната во Маврово

НАЈНОВИ ВЕСТИ