Според македонската полиција на македонската страна од границата немало застој, а од грчка страна, барем според реакциите на граѓаните по социјалните мрежи, искуствата е различни. Од МВР велат дека за празниците се преземни мерки со ставање во функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
Продолжениот празничен викенд вообичаено, за македонските државјани, значи кратко патување во Грција. Подолг застој на границите досега беше забележан и за време не претходните викенди, но овојпат се чини дека грчките погранични власти олабавиле со доследното почитување на примената на новата ЕЕС регулативата за влез во земјите членки на ЕУ што стартуваше на 10 април.
Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот брифинг, на новинарско прашање од МИА, дали ќе се одложи имплементацијата на системот и кај балканските туристи, соопшти дека регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини, а Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со законските правила.






