ГАЛЕРИЈА
Блесок 2026 – во НАТО македонските војници се препознаени како вистински професионалци
Нашите македонски војници работат во согласност со највисоките НАТО-стандарди, рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски на Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“ на армискиот полигон Криволак. „Гордост е да се биде министер на ваква Армија. Навистина сте гордост на државата! Тука на армискиот полигон Криволак, нашиот најголем полигон за обука и еден од капацитетите по кои сме препознаени во алијансата, сите ние бевме сведоци не само на демонстрација на способности туку и на дисциплина, прецизност и вистински професионализам. Бевме сведоци на она што ние како раководство постојано го говориме, а тоа е фактот дека нашите македонски војници работат во согласност со највисоките НАТО-стандарди покажувајќи дека нивната извонредност не е цел што треба да ја достигнеме, туку тоа е реалност“, истакна Мисајловски.
Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави Европската Унија со Копенхагеншките критериуми – порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од армискиот полигон Криволак во изјава за медиумите. Таа беше дел од Денот на високи гости на вежбата „Блесок 26“.
Фото:
Роберт Атанасовски


























