ГАЛЕРИЈА
Дивиот свет на Македонија
Таткото и синот, Кујтим и Бетим Чодари со години го „ловат“ дивиот свет на Македонија. Фотографирањето на дивиот свет за мене е пасија и голема љубов, вели Бетим Чодари. Се работи за заљубеници во природата, кои станаа познати во јавноста откако успеаја да направат извонредни фотографии и видео снимки од балкански рис во неговото природно живеалиште во околината на Кичево. Нивниот подвиг е од големо значење бидејќи балканскиот рис е еден од најретките и најзагрозените грабливи животни на Балканот, кој многу ретко се појавува пред човечкото око. Еве ги нивните фотографии и од другиот дел од дивиот свет на Македонија.
Фото:
Бетим и Кујтим Чодари

































