ГАЛЕРИЈА
И годинава Оффест со врвни музички изведби
Заврши уште едно успешно издание на Оффест во Скопје, најзначајниот македонски фестивал на светската музика во организација на Скопје џез фестивал. Во четирите фестивалски вечери настапија музичари од 12 земји, со силен акцент на современата африканска музика, но и изведувачи од Европа и Македонија. Публиката имаше можност да ги проследи настапите на Guitari Baro (Мали/Гвинеја), BCUC (Јужна Африка), Nils Økland & Sigbjørn Apeland (Норвешка), македонското дуо Добрила и Доријан, Raül Refree & Maria Mazzotta (Шпанија/Италија), Les Amazones d’Afrique (Мали, Бенин и Конго), како и Matchume Zango (Мозамбик) и Zawose Queens (Танзанија). Фестивалот уште еднаш ја потврди својата репутација како простор за културна размена и претставување на врвни музички традиции и современи светски музички тенденции, носејќи во Скопје изведувачи кои ретко гостуваат на балканската сцена. Оффест и годинава донесе разновидна и квалитетна програма, која привлече бројна публика.
Фото:
Татјана Ранташа, Оффест









































