Во меѓувреме, од Вашингтон доаѓаат сигнали дека воените опции се разгледуваат паралелно со дипломатските напори. Според Фокс њуз, командантот на Централната команда на САД (Центком), адмиралот Бред Купер, му ги претставил на претседателот Доналд Трамп можните сценарија за таканаречениот „финален удар“ врз Иран.
На брифинг одржан во Собата за ситуации во Белата куќа, биле изложени опциите, вклучувајќи „краток и силен бран напади“ доколку претседателот одлучи да продолжи со борбените операции. Потенцијалните цели ги вклучуваат преостанатите воени капацитети, иранското раководство и клучната инфраструктура.
Пентагон, според истиот извештај, разгледува и дополнително зајакнување на военото присуство во регионот со распоредување напредни системи, вклучувајќи ја и хиперсоничната ракета „дарк игл“, способна да погоди цели на растојание од околу 2.700 километри. Покрај тоа, бомбардерите Б-1Б „лансер“ веќе го зголемуваат своето присуство на Блискиот Исток и се подготвени да носат тежок борбен товар.
САД и Израел ја почнаа агресијата врз Иран на 28 февруари, по што Техеран возврати со напади врз американските сојузници во Персискиот Залив и со затворање на Ормускиот теснец. Иако на 8 април беше договорен прекин на огнот со посредство на Пакистан, преговорите одржани во Исламабад кон средината на април не донесоа конечен договор, поради што сè уште постои ризик од нова ескалација.






