петок, 1 мај 2026

Роскомос: Успешно извршено првото пробно лансирање на новата ракета Сојуз-5 (ВИДЕО)

Русија успешно го изврши првото пробно лансирање на својата нова ракета Сојуз-5, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека ракетата полетала без никакви проблеми од космодромот Бајконур во Казахстан, пренесе британската агенција Ројтерс на својот сајт.

Според соопштението на Роскосмос, ракетата „Сојуз-5“, која агенцијата ја опишува како лансирно возило опремено со најмоќниот мотор со течно гориво во светот, ја напуштила лансирната рампа на 30 април во 21:00 часот по московско време (20:00 часот по средноевропско време).

Новото лансирно возило е способно да носи товар до 17 метрички тони, значително ќе ги намали трошоците за лансирање и треба да е поефикасно од неговите претходници во поставувањето објекти, вклучително и сателити, во ниската орбита на Земјата, соопшти агенцијата.

Шефот на Роскосмос Дмитриј Баканов го опиша како „нова фаза во истражувањето на вселената“, додавајќи дека тоа ќе создаде нови работни места во Русија и Казахстан.

Баканов кажа дека Сојуз-5 е првото ново лансирно возило развиено од Русија од 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ