петок, 1 мај 2026

Трамп: Италија воопшто не ни помогна, а Шпанија е апсолутно ужасна (ВИДЕО)

На новинарско прашање дали би размислил за намалување на бројот на американски војници во Шпанија и Италија, американскиот претседател Доналд Трамп одговори: „Да, веројатно, веројатно ќе го направам тоа. Зошто не би го направил тоа?“

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Италија воопшто не ни помогна, а Шпанија е ужасна, апсолутно ужасна“, додаде тој. Претходно објави дека Вашингтон „анализира и разгледува евентуално намалување“ на бројот на американски војници во Германија и дека ќе донесе одлука „во краток рок“.

Според податоците од 31 декември 2025 година во Италија имало 12.662 активни американски војници, 3.814 во Шпанија и 36.436 во Германија.

Трамп остро ги критикуваше сојузниците на НАТО затоа што, како што тврди, тие не помогнале во американско-израелската агресија против Иран или во обезбедувањето слободен премин за танкерите со нафта низ Ормускиот теснец.

Порано овој месец, тој за италијанскиот весник Кориере дела сера изјави дека италијанската премиерка Џорџа Мелони нема „храброст“ во врска со Иран, во неочекуван напад врз до неодамна блиската десничарска сојузничка.

Минатата недела беше објавено дека Соединетите Американски Држави размислуваат за суспендирање на Шпанија од НАТО поради одбивањето да ги поддржи воените операции против Иран. Трамп го критикуваше Мадрид и за тоа што не ги зголемува трошоците за војската.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ