ГАЛЕРИЈА
Улицата како галерија: уметноста излезе меѓу луѓето (ФОТО)
Настанот „Центарски улици 4“ ја претвори улицата Македонија во отворена галерија, каде што уметници создаваа дела во живо, а просторот стана сцена за различни форми на улична уметност. Минувачите имаа можност да видат живи статуи, перформанси и музички настапи, со што уметноста излезе од затворените простори и се пресели директно меѓу луѓето. Целта на настанот е да се создаде простор за млади уметници да се претстават пред јавноста и да се оживее градскиот простор преку култура.
Фото:
Роберт Атанасовски






















