ГАЛЕРИЈА
„Деценија љубовни приказни“: прва самостојна изложба на свадбена фотографија во Македонија
Со изложбата насловена „A Decade of Love Stories“ брендот Say Yes го одбележа својот десетгодишен јубилеј. Ова е првпат на домашната сцена еден фотографски бренд да организира самостојна изложба посветена исклучиво на свадбениот кадар, промовирајќи го како врвна визуелна уметност. Изложбата претстави селекција од фотографии што низ годините документираат интимни, емоционални и автентични моменти од свадбени приказни. Наместо класичен пристап, поставката се обидува да ја прикаже свадбената фотографија како уметничка форма што раскажува приказни, гради атмосфера и остава траен визуелен запис за едно од најважните животни искуства. „A Decade of Love Stories“ не е само ретроспектива на една деценија работа на Say Yes, туку и обид да се отвори поширока дебата за местото на свадбената фотографија во современата уметност.

























