Имено, во 06.55 часот на обележан пешачки премин на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, со патничко возило „киа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувала, удрила во 16-годишник од Велес и го напуштила местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.





