понеделник, 25 мај 2026

Во Белград уапсени тројца македонски државјани кои краделе во станови

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува МИА од Белград, полицијата ги уапсила Б.С. (24), Б.Н.(31) и А.К. (23), кои се сомничат дека во текот на ноември и декември годинава провалиле во станови и куќи на територијата на Белград од каде со специјален алат за отворање блиндирани врати украле пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ