понеделник, 25 мај 2026

Трамвај во Белград излета од шини и се заби во зграда (ВИДЕО)

Трамвај што утрово сообраќал во белградската населба Дорчол излетал од шините и удрил во зграда. Според податоците на Градското сообраќајно претпријатие, во несреќата се повредени 12 лица, меѓу нив и возачот на трамвајот.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во излетувањето на трамвај од шините на улицата Душанова во Белград, главниот град на Србија, повредени се 12 возрасни лица и две деца, потврдено е за порталот на телевизијата Н1.

Од нив, 11 се пренесени во Ургентниот центар, а едно лице во Клиничко-болничкиот центар (КБЦ) Звездара. Меѓу повредените има и деца — две се пренесени во болницата во Тиршова, наведуваат од Итната помош.

Според досегашната дијагностика, како што е кажано за Н1, три лица се потешко повредени — добиле нагмечувања и скршеници.

До излетувањето дошло утрово околу 9:30 часот.

Н1 пишува дека, како што се гледа на снимката што им ја испратиле очевидци, кабината на трамвајот е целосно смачкана, а некои седишта се откорнати од ударот.

Причина за излетувањето бил проблем со свртницата, изјави за Н1 сообраќајниот инженер и претседател на Синдикатот на Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) „Центар“, Иван Банковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ