понеделник, 25 мај 2026

Кина испрати 15.000 тони ориз на Куба

Кина испорача пратка со 15.000 тони ориз на Куба, додека Хавана и натаму се бори со економски проблеми и недостиг од гориво, објавија кинеските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел Бермудес во објава на социјалната мрежа Икс, во американска сопственост, рече дека Куба ја примила пратката и ги пофали, како што ги опиша, блиските врски на пријателство и соработка меѓу двете земји.

Рече дека „благородниот“ кинески гест на солидарност ќе им користи на милиони потрошувачи низ цела Куба, вклучително и на здравствениот и образовниот сектор во земјата.

Пратката пристигна во пристаништето Хавана во саботата и е прва од поширокиот пакет хуманитарна помош во храна, кој вкупно изнесува 60.000 тони ориз, а се очекува преостанатите пратки да пристигнуваат постепено.

Според кинеските државни медиуми, Хуа Син присуствувал на свеченоста по повод примопредавањето на првата пратка во рамките на кинеската програма за итна помош во храна за Куба.

Амбасадорот ја опиша пратката како важна компонента од пакетот поддршка на Пекинг за Хавана и рече дека таа ја одразува соработката меѓу двете земји во, како што рече, сложено меѓународно опкружување.

Хуа рече дека Кина ќе продолжи да ја зајакнува практичната соработка со Куба и да ја одржува поддршката за, како што го нарече, суверенитетот и националното достоинство на Куба.

Кина повеќепати се спротивстави на американскиот притисок врз Куба и повика на укинување на санкциите и ограничувањата наметнати врз карипската држава.

Куба се соочува со криза со гориво по американското нафтено ембарго воведено на 30 јануари, со широко распространет недостиг од електрична енергија и повторени прекини на струјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати рече дека Куба е „следната“ по воените операции против Иран и тврдеше дека островската држава „наскоро“ ќе се распадне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ