Разделбата беше потврдена на заедничка прес конференција со претседателот Аурелио Де Лаурентис, со што заврши еден период исполнет со големи очекувања, трофеи и силни емоции. Исто така, клубот објави кратка благодарност до тренерот.
Конте го презеде тимот во момент кога Наполи беше далеку од борбата за врвот во Серија А, но успеа брзо да ја промени ситуацијата. Во својата прва сезона му ја донесе шампионската титула на клубот, додека оваа година неаполскиот состав заврши на второто место во првенството.
Италијанскиот тренер низ кариерата остави силен печат во европскиот фудбал водејќи ги Јувентус, Интер, Челси и Тотенхем, а одреден период беше и селектор на Италија.






