понеделник, 25 мај 2026

Архивот на јавни собири: На студентскиот протест на Славија имало меѓу 180.000 и 190.000 луѓе

Архивот на јавни собири оцени дека тоа е вториот најголем протест во Србија од падот од власт на поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија (СРЈ), Слободан Милошевиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Архивот на јавни собири објави дека на вчерашниот студентски протест на плоштадот Славија во Белград, главниот град на Србија, под називот „Ти и јас, Славија“, имало меѓу 180.000 и 190.000 луѓе.

„Проценката на Архивот се заснова на измерена површина на собирот од 107.000 квадратни метри и коефициент на просечна густина од приближно 1,7 лица на квадратен метар“, наведе Архивот на социјалната мрежа Икс.

Оцени дека тоа е вториот најголем протест во Србија од падот од власт на поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија (СРЈ), Слободан Милошевиќ.

Протестот е дел од поширокото студентско антикорупциско движење што трае од ноември 2024 година, откако при уривање на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, трагедија што предизвика обвинувања за корупција и негрижа во државниот систем.

Главното барање на демонстрантите се предвремени парламентарни избори, а протестот на Славија беше еден од најмасовните досега во рамки на движењето. По завршувањето на главниот собир, дојде до судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата, при што беа приведени 23 лица, според српските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ