За безобзирно управување на возило приведени се 13 лица, од кои четворица за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место и пет возачи за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Издадени се и 97 казни за неправилно паркирање, 122 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 47 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани биле и пет возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, и двајца пешаци. 43 учесници во сообраќајот се казнети за сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 33 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а три заради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Викендов приведени 13 лица за безобзирно управување на возило, 1.502 казни
За време на изминатиот викенд полицијата издаде 1.502 платни налози, од кои 958 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Објавено на
часот





