сабота, 23 мај 2026

Телата на сопружниците кои беа најдени мртви се дадени на обдукција

Објавено на

часот

Сподели

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица, маж и жена на возраст од 43 и 36 години. Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место“, се наведува во соопштението на Обвинителството. 

Телата на починатите сопружници Б.С.(36) и Б.С.(43) со повреди утрово во 8:20 биле пронајдени во нивниот дом во село Табановце, соопшти претходно полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ