сабота, 23 мај 2026

Сопружниците во Табановце се убиени, мажот со огнено, жената со ладно оружје

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје“, се наведува во соопштението на МВР.

Претходно, обвинителството, а сега и МВР потврдија дека по извршениот увид, телата по наредба на обвинителот се предадени на обдукција.

„Со цел, утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место“, се наведува во соопштението на државното Јавно обвинителство.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Инаку, слоред неофицијални информации безживотните тела ги затекнал нивниот син, а полицијата засега нема лица кои би можеле да дадат какви било информации дали можеби некој влегол во куќата или не.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ