сабота, 23 мај 2026

Се тепале и беснееле со „јагуар“, приведени три лица

Објавено на

часот

Сподели

„Во 20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.З.(36), Л.З.(33), двајцата од тетовско Боговиње и Д.С.(21) од Горно Седларце, затоа што околу 17:30 часот во близина на бензинска станица покрај автопатот Тетово – Гостивар учествувале во физичка пресметка, каде било инволвирано уште едно лице, при што со патничко возило јагуар без регистарски ознаки била загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот“, информираат од СВР Тетово.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ