Вчера попладне на булевар Маршал Тито во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода А.А. од Скопје. При контрола со радар, полициските службеници констатирале дека во населено место управувал патничко возило бмв со скопски регистарски ознаки со брзина од 106 километри на час на место каде што брзината е ограничена со знак на 50 километри на час.
Во исто време на патот Тетово – Гостивар, кај наплатната рампа Гостивар бил проведен Ф.Т. од Скопје. При контрола со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило мерцедес со германски национални ознаки со брзина од 151 километар на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
Истиот ден, два часа подоцна на истиот пат Тетово – Гостивар, кај наплатната рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.С. од село Речане, гостиварско. При контрола со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило бмв со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
„Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави за безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти СВР Тетово.






